ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ОУ „Ќиќиш“ само еден ученик Албанец се запиша во прво одделение

И покрај бројните апели до општина Тетово, но и мерките што ги презема образовниот сектор, регионализацијата во повеќето училишта во Тетово и понатаму не се почитува. Најлош пример за тоа е основното училиште „Андреј Савевски Ќиќиш“ каде оваа година само еден ученик Албанец е запишан во прво одделение, наспроти минатата година, кога имаше петнаесет. Ова ги доведува во опасност работните места на наставниците Албанци кои се тука, но и затворањето на паралелките на албански јазик.

Според наставниците, дел од родителите манипулираат со документите за да ги запишат децата во други училишта.

„Иако според листата за регионализација имаше близу 60 ученици Албанци кои требаше да се запишат во нашето училиште, во моментов е запишан само еден. Ние сме пет наставнички, бидејќи тука се одвива наставата од прво до петто одделение, и нормално ако нема доволен број ученици, нашето работно место ќе се загрози. Има многу прекршоци, бидејќи самите родители земаат други адреси, аплицираат со адреси на роднини, и со нив се пријавуваат во други училишта. Надлежните органи мора да го спречат тоа“, вели Валбона Ибраими, наставник во ОУ Андреа Савески Ќиќиш.

„Има ризик да ги загубиме нашите работни места поради недостаток на ученици. Оваа година имаме само еден ученик, па бараме помош од општината“, вели Линдита Амети, наставник во ОУ „Андреа Савески Ќиќиш“.

Од општина Тетово велат дека ќе преземат законски мерки против родителите и училиштата кои нема да ја почитуваат регионализацијата, а истовремено најавуваат и строги контроли од страна на просветниот инспекторат.

„Секој ученик од каде што има адреса таму треба да учи, затоа што ќе преземеме мерки и со Државниот просветен инспекторат и со општинскиот инспекторат, дека оние родители кои нема да ги почитуваат овие мерки ќе имаат законски казни. Секое дете кое живее на таа адреса, мора да се регистрира таму“, рече Валидин Адеми раководител на секторот за образование во општина Тетово.

Во отсуство на учениците во училиштето „Андреа Савевски Ќиќиш“, албанските паралелки функционираат од прво до петто одделение, а потоа учениците се префрлаат во други училишта.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button