ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во „Панче Караѓозов“ паралелка – „Фармацевтски техничар во фармацевтската индустрија“

Денеска во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје беше промовирана дуалната паралелка „Фармацевтски техничар во фармацевтската индустрија“. Оваа паралелка се отвора во рамките на кампањата на Министерството за образование „Учете паметно, работете стручно“ како одговор на потребите на економијата и како резултат на недостигот на професионални вработени во различни компании во земјава. Во паралелката ќе учат 23 ученици кои дел од наставата ќе ја реализираат во АЛКАЛОИД кој ќе им обезбеди и месечна стипендија од по 3.000 денари. Значајно е и тоа што планира да ги вработи по завршувањето на школувањето.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button