СВЕТ

Во Париз почнува самит за иднината на вештачката интелигенција

Светски лидери, шефови на технолошки компании, академици и други експерти се собираат денеска во Париз на дводневен самит за заканите и ветувањата за вештачка интелигенција.

Тие ќе дебатираат за влијанието на технологијата врз јавноста, вклучувајќи ги потенцијалните апликации на вештачката интелигенција во области како што се здравството, образованието и работата, како и нејзиното регулирање и одговорна употреба, јави ДПА.

На состанокот се пријавени околу 1.500 учесници од околу 100 земји и следи по двата претходни глобални самити за вештачка интелигенција: во Велика Британија во 2023 година и во Јужна Кореја минатата година.

Меѓу политичарите кои учествуваат оваа година се американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, индискиот премиер Нарендра Моди, германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Од технолошката страна, имињата од висок профил ги вклучуваат главните извршни директори на Microsoft, OpenAI и Google.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека сака да ја покаже својата земја како лидер во областа на вештачката интелигенција на самитот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button