МАКЕДОНИЈА

Во португалскиот предлог се вклучени очекувањата на двете страни, вели Заев

Португалското претседателство со Европската Унија и министерот за надворешни работи Аугусто Сантош Силва во понудениот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија воделе грижа да бидат вклучени очекувањата на двете страни, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Португалското претседателство и министерот Аугусто Силва воделе грижа да бидат вклучени очекувањата на двете страни. Кај нас рековме дека тоа е добра база и добра појдовна основа за решение. Сериозно дискутираме за предлогот, ќе продолжиме со состаноци, истакна премиерот.

Нагласи дека се земени предвид и бугарските позиции, но повтори дека македонски јазик и македонскиот идентитет се строго заштитени.

-Ја има опфатено и бугарската страна и согласно нивните резолуции може понатаму да се разговара, заради тоа што во неколку наврати реков дека очекуваме час поскоро Бугарија да го признае македонскиот јазик и идентитет. Имаме документ и јас сум изненаден што членка на ЕУ, која е од другата јужна страна на европскиот континент, која не е толку блиску до Балканот и не е толку детално упатена и навлезена, беше креативна и инвентивна за да изнајде решение, Затоа рековме дека секој пат е можно да се изнајде решение ако има добра волја од двете страни, истакна Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button