ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Предлогот од Португалија покрај Скопје и Софија има и трета страна, вели Османи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи на денешната прес конференција кажа дека португалскиот предлог за надминување на проблемот со Бугарија, покрај тоа што ги адресира ставовите на двете држави, ги вклучува и позициите на земјите членки на Унијиата.

„Португалскиот предлог е креативно решение коешто ги адресира сензитивностите на сите три страни. Тоа се нашата позиција, бугарската и на земјите членки. Очигледно и земјите членки имаат став по однос на тоа каков ќе биде преговарачкиот процес. Бидејќи тоа што ќе се постави како модел со нас, утре ќе направи преседан и за другите земји кандидати за членство. Тоа би можело да отвори големи проблеми имајќи предвид колку билатерални прашања има во регионот. Од тука интересот и на самите членки, не заради нас туку за да го заштитат процесот“, рече Османи.

Како што додаде тој, идентитетските прашања не биле дел од тој предлог, туку негова цел било да внесе предвидливост во имплементацијата на Договорот за пријателство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button