МАКЕДОНИЈА

Во пресрет на зимата, жителите на планинските села на Шара апелираат до надлежните пред време да преземат мерки

Со години, патиштата во планинските села на Шара, по снежните врнежи, се блокираат, и во отсуство на механизација за навремено чистење, жителите се блокирани во своите куќи. Тие бараат општина Тетово да преземе мерки пред време и снегот да не ги изненади среде зима.

„Ништо, што очекуваме да се подобри, ништо. Никогаш не сме очекувале ништо од општината, патот е катастрофа и никогаш нема да се направи. Ниту една зима не се ангажирани како што треба, и овој пат ништо нема да направат”.

„Нормално да, очекуваме дека секоја улица ќе се чисти и да се одржува“.

„Да, нормално зимата го прави своето и има мраз. Но, тие велат дека времето ќе биде добро оваа година и ние ќе го поминеме некако“.

Од општината не посочуваат како ќе се справат со патиштата на планинските села оваа зима, но велат дека нема да дозволат да се повторат проблемите од другите години.

За оваа година планиравме одржување на патиштата на 19 локации. Предвидовме да ги третираме планинските села малку попосебно поради специфичните услови на теренот, за да немаме проблеми како претходните години“-изјави Шпетим Дењали Сектор за општински активности

Секторот за одржување на патиштата во текот на зимата ќе има на располагање шест милиони денари, додека за чистење се ангажирани 19 багери и камиони.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button