РЕГИОН

Во Приштина осма заедничка средба на владите на Косово и Албанија

Во Приштина денеска ќе се одржи осмиот состанок на владите на Косово и Албанија, на кој ќе бидат потпишани повеќе договори, потврдија од Владата на Косово. По церемонијата на пречекот на албанскиот премиер Еди Рама, тој ќе ја отвори средбата заедно со премиерот на Косово Албин Курти. Потоа ќе следи презентација за националното пристаниште и железничката инфраструктура во функција на заедничкиот национален пазар, проектот за ново комерцијално пристаниште во Порто Романо и интеграција со пругата Драч-Приштина.

Ќе биде потпишан договор меѓу двете влади, по што премиерите Курти и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција. Досега се одржани седум заеднички состаноци на владите на Косово и Албанија, на кои се потпишани над 100 договори, а последниот состанок се одржа на 26 ноември 2021 година во Елбасан и по тој повод беа потпишани 13 договори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button