СПОРТФУДБАЛ

Во сабота, Македонија го почнува официјалниот собир за јунските натпревари

Македонската репрезезентација на 10. јуни (сабота) го стартува официјалниот собир за јунските натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против Украина (16. јуни, Национална арена „Тодор Проески“) и Англија (19. јуни, Олд Трафорд, Манчестер).

Поголемиот дел од повиканите фудбалери за овие два меча, играчите кои веќе завршија со клупски активности, го одработија првиот дел од подготовките со националниот тим.

Изминативе денови селекторот Благоја Милевски работеше на одржување на физичката подготовка со поголемиот дел од репрезентативците.  Дени Илиев, Езџан Алиоски, Јован Манев, Енис Барди, Аријан Адеми и Илија Несторовски поради обврски во клубовите не беа во можност да се стават на располагање за подготовките од 2. до 8. јуни на тренинг центарот „Петар Милошевски“, па ќе се приклучат на подготовките од сабота.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button