МАКЕДОНИЈА

Во Скопје 118 сообраќајни прекршоци, 43 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на акциските контроли во сообраќајот на територија на Град Скопје изрече вкупно 118 мерки. Од нив 43 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, осум за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.

МВР денеска соопшти дека изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, три за непрописно престигнување и обиколување и 30 санкции за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button