ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Скопје 163 сообраќајни прекршоци, 73 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рами на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрече вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции.

Од МВР денеска соопштија дека од вкупниот број санкции осум се за возење без возачка дозвола, две санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон, две за мининување на затворен сигнал (црвено светло) и 47 санкции за непрописно паркирани возила.

Најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button