ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Скопје 186 санкционирани возачи, 40 за брзо возење

На територијата на Град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли вчера се изречени 186 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40.

За возење без возачка дозвола изречени се 21 санкција, како и шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

– Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 12 за непрописно престројување, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 63 за непрописно паркирање, соопштија денеска од МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button