ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Скопје казнети 162 возачи, 82 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи  во акциски контроли во сообраќајот вчера на територијата на град Скопје изрече 164 мерки, меѓу кои за возење над  дозволената брзина 82, како и шест санкции за возење без возачка дозвола. Санкционирани се и седум мотоциклисти. Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, две за управување под дејство на алкохол, исто толку за непрописно престигнување и обиколување и 31 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button