ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Скопје санкционирани 168 сообраќајни прекршоци, 49 за пребрзо возење

Во Скопје санкционирани 168 сообраќајни прекршоци, 49 за пребрзо возење

При засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои 49 за возење со брзина поголема од дозволената, 15 за управување возило без возачка дозвола и седум за користење на мобилен телефон.

Како што информира МВР, изречени се и 19 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, пет мерки за некористење на сигурносен појас, како и седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button