ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во скопските ковид центри има 14 нови пациенти и 179 слободни места

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Со тоа, вкупно 280 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациенти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button