ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во следниве 24 часа во собраниска комисија треба да поминат законите од петтиот сет мерки

Предлог законите од петтиот сет економски мерки најдоцна до утре ќе се најдат пред пратениците во Комисијата за финансирање и буџет. Претседателот на комисијата Тимчо Муцунски вели дека амандманската расправа би завршила за еден ден, а за законите очекува да се поднесат амандмани кои би се однесувале само за продолжување на веќе изминатите рокови. Сепак, останува пратничките групи во Собранието заедно да се искоординираат околу поднесување на амандманите, вели Муцунски.

„Веројатно седницата ќе ја закажеме или денеска во попладневните часови или во текот на утешниот ден. Веројатно ќе има и одредени суштински амандамни за законот поврзано со роковите за да не се создаваат доплнителни пречки за луѓето и компаниите кои ќе аплицираат за оваа помош. Очекувам дека расправата ќе трае еден работен ден и потоа законот би го проследиле на пленарна седница.“

Пред Комисијата треба да се најдат законите од петиот сет кои со нетрпение ги исчекуваат стопанствениците. Меѓу нив се Предлог законот за финансиска поддршка за исплата на плати на комапаниите и на самостојните вршители на дејност. Помошта требаше компаниите да ја добијат во февруари и март, а поради не навременото носење на овие мерки илјадници граѓани останаа без плати. Покрај овие закони, пред Комисијата треба да се најде и Предлог законот за помош на граѓаните кои поради кусите рокови лани не ги земаа шесте илјади денари државна помош. И за овој закон се очекува со амандман да се продолжи рокот кој инаку беше предвидено да биде до 31 март.

Andrea Çobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button