ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Собранието пленарна седница и три комисии

Собранието денеска треба да ја продолжи 45-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе предлог законски решенија, барања за автентичко толкување и годишни извештаи за работата на повеќе државни иниституции и тела.

Пред пратениците во прво читање е Предлог Законот за медијација, со европско знаменце, а ќе треба да ги разгледаат и измените и дополнувањата на Законот за трговските друштва, на Законот за игрите на среќа и за забавните игри и на Законот за животната средина, сите во прво читање.

Пратениците треба да ги разгледаат и годишните извештаи за работата на Судскиот совет, Македонската радио телевизија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, сите за 2020 година.

Во Собранието денеска се закажани и седници на три комисии. Седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button