
Претседателот на Србија Александар Вучиќ вчера најави дека од денеска дека сите граѓани на Босна и Херцеговина можат бесплатно да се вакцинираат против коронавирусот на територијата на Србија. „Имаме доволно вакцини за целиот регион, затоа ги поканувам сите граѓани од регионот да се вакцинираат во Србија“, рече Вучиќ по состанокот со делегацијата на Република Српска во Белград. Тој изјави дека државата очекува поголем одговор од граѓаните на Србија за вакцинирање, но и дека е задоволна и од сегашниот одговор.