ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во среда нови преговори СОНК – Влада за платите

Во среда и петок ќе продолжат преговорите за зголемување на платите во образованието и градинките меѓу СОНК и Министерството за образование. Ова ќе биде вториот и последен рок од 10 дена предвиден со заемниот договор, чиј епилог ќе одлучи дали штрајкот повторно ќе се активира или не. Исто така, од крајот на овие преговори ќе зависи и исплатата на платите за сите вработени кои штрајкуваа. Од СОНК сметаат дека целосно треба да се платат и додаваат дека договорот може да биде урнат доколку вработените во градинките кои исто така штрајкуваа не си ги добијат дневниците.

Алсат стапи во контакт со неколку директори на училишта. Ни рекоа дека во соодветните општини веќе го доставиле списокот за исплата на целосни плати, но не добиле никаков одговор. Од друга страна, општините остануваат во исчекување на одлуката од Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, како да постапат и покрај тоа што имаат пари за целосно да им ги исплатат платите.

Од СОНК претходно соопштија дека ги приближиле ставовите за покачување на платите, но оти последниот збор е кај Министерството за финансии кое мора да ја соопшти висината на дополнителните средства што може да ги обезбеди. Исто така, според синдикатот, останува нејасно дали учебната година ќе заврши на 10 јуни. Во преговорите се очекува да се дефинираат и роковите за потпишување нови колективни договори за основно и средно образование. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button