ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Струга проблеми со питачењето по улиците

„Колку треба да вадиш на ден? Колку? Да ти кажам колку – 2.000 денари. Ми велат – оди веднаш да вадиш 2.000. А, тешко ти е? Тешко ги вадам.“

Ваква е судбината на едно од многуте дечиња кои ова лето питачеа по струшките улици. Ова осумгодишно детенце, како што може да се слушне од видеото кое ни го испратија сопствениците на едно кафуле во градот, има задача дневно да заработи по 2.000 денари од питачење. Оваа појава беше евидентно дека е масовна и добро организирана од криминални групи. Најчесто во тоа се вклучени малолетни деца и мајки со бебиња. За проблемот знаат и од Детската амбасада „Меѓаши“.

 

„Многу често е поврзано и со некакви бизнисни, односно заработка. Можеби не само само за свој сопствен опстанок, туку и за некои други организирани возрасни, за групи и поединци. Многу често е поврзано со трговија на луѓе и детски труд.“, рече Јорданка Черепналкова Трајкоска, Прва детска амбасада „Меѓаши“.

Локалните власти во Струга на почетокот на летото ветија решавање на проблемот, но се чини, тоа не се случи. Од СВР Охрид велат дека во текот на јули и август во Струга биле реализирани 14 акциски контроли за питачење. Биле затекнати 26 лица, од нив еден малолетник. Биле поднесени и 25 барања за прекршочни пријави. Од полицијата велат дека контролите се насочени и кон сопственици на станови кои им издаваат соби на лица кои питачат. Инаку, во летниот период бројот на вакви лица беше поголем. Тоа е пред сè поголемиот број странци и наши иселеници кои поради финансискиот статус се сметаат за неизбежна цел за питачење.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button