ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Струга – учениците Албанци, педагогот Македонец и не се разбираат

Без педагог Албанец функционира најголемото основно училиште во Струга, Браќа Миладиновци, каде учат 1.160 ученици, од кои поголемиот дел следат настава на албански јазик. Слична е и ситуацијата во училиштето во селото Лабуништа, каде последните неколку години се зголемува бројот на ученици кои настава следат на албански јазик.

„Над 33 години во ова училиште нема педагог Албанец, а бројот на ученици Албанци е 730, на Македонци 420, а 80 ученици се во турските паралелки. По ова логички е да има педагог Албанец, но иако има доставено барање до Министерството за образование и Министерството за финансии, сè уште нема педагог Албанец…“, изјави Шкелќим Алиу-наставник во ОУ Браќа Миладиновци

Во меѓувреме, учениците Албанци комуницираат со педагогот Македонец.

„Бидејќи педагогот е Македонец, учениците Албанци имаат потешкитии во комуникација со него, но исто така има и потешкотии во административниот дел“, изјави Шкелќим Алиу-наставник во ОУ Браќа Миладиновци

Ваквите појави не значат подобрување на човековите и јазичните права, вели универзитетскиот професор Агим Пошка.

„Да, нема или се игнорира поради дневна политика или поради односите позиција – опозиција, а забораваат на елементарните потреби на општеството, забораваат дека на децата им е потребна квалитетна настава, квалитетна педагошка услуга… тие се клучниот фактор за развој на општеството. Уште имаме случаи кога учениците се Албанци, а педагогот Македонец, па не може да се постигне потребниот ефект при комуникацијата со некој ученик кој е жртва на ‘булинг’ или на некоја друга лоша појава“, изјави Агим Пошка-универзитетски професор од Струга

И во другите училишта во струшко има слични проблеми. Некаде има психолог Албанец, но нема педагог и обратно. Алсат праша во општина Струга, што прават за да го решат проблемот со недостигот на ваков кадар, но одговор не добивме. /Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button