ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во студентскиот дом „Пелагонија“ деновиве ќе дојдат украински бегалци

Во студентскиот дом „Пелагонија“ деновиве ќе дојдат украински бегалци

Во Студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје се прават последните подготовки за пречек на првите украински бегалци, главно жени и деца. АЛСАТ денеска беше во него. Има капацитет за 300 до 350 лица, иако сè уште не се знае колку лица кои првпат ќе дојдат во Македонија би имале статус на бегалци. Првата група ќе пристигне за неколку дена.

„Ние како институција сме први кои прифативме и ги започнавме нашите подготовки врз основа на тоа што имаме како ресурси да прифатиме, имено одреден број кревети кои се бесплатни како и други ресурси кои се потребни… Вреди да се спомене дека студентите и студентскиот совет кои се тука со нас изразија желба да им помогнат, ќе организираат разни работи кои можат да им помогнат на луѓето да се ослободат од мислите за војната во нивната земја“, изјави Агим Фејзулаху, директор на Студентскиот дом „Пелагонија“.

Фејзулаху вели дека домот има доволно капацитети и за студенти, имајќи ја во предвид синоќешната владина одлука за враќање на студентите на настава со физичко присуство.

„Во моментов имаме запишани 650 студенти. Ќе го чекаме и бројот на студенти на кои ќе им требаат нашите капацитети, па врз основа на тоа ќе направиме одредена координација“, рече Агим Фејзулаху, директор на Студентскиот дом „Пелагонија“.

Покрај студентскиот дом „Пелагонија“, во Скопје се очекува украински бегалци да може да бидат сместени и во студентскиот дом „Скопје“ и во „25 Мај“.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button