СВЕТ

Во тек се жестоки борби во источниот украински регион Доњецк

Во тек се жестоки борби во источниот украински регион Доњецк

Украинските војници користат самоодна артилерија во украинскиот регион Харков, додека руската војска продолжува да го гранатира вториот по големина град во Украина и да ја придвижува својата офанзива на истокот. Украина пак, се обидува да си ја врати окупираната територија на југ.

Три области во Харков беа цел на масовни бомбардирања во кои беа повредени три лица.
Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, бомбардирањето го опиша како уште еден обид за заплашување на жителите на градот.

Како што борбите продолжуваат, украинската војска се надева на помошта од ракетните системи Ураган и Буревиј од домашно производство.

„Ќе излеземе да ги поразиме. Целта ни е воениот персонал на агресорот во областа“, изјави Олександр, украински командант.

„Работевме на дострел од 30 километри. Ќе ги видиме резултатите. Имам верба во моите момци. Уверен сум дека совршено ја извршивме борбената задача. Секогаш има резултат“, рече Јуриј, украински командант.

Од кабинетот на претседателот Зеленски соопштија дека најмалку осум цивили загинале, а 16 биле ранети во последните руски бомбардирања.

Цел на Русите е и градот Запорожје и неколку други долж линијата на фронтот, како Никопол и Миколаев. Во областа се наоѓа и Запорожје, најголемата атомска централа во Европа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button