ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во тешки услови учат 120 ученици Албанци од крушевско Норово

Првачињата од крушевското село Норово освен креда, нема ништо друго, вели Митат Рустеми наставник во приградското основно училиште „Никола Карев“ во ова село. Тој е наставник во одделенската група од прво до петто, а учениците од селото поради немање доволно училници следат настава во две смени.

„Да, условите како што гледате, ние сме во училиштето Никола Карев, ние сме дислоцирани паралелки. Оливера е директорка, имавме заменик-директор, но сега нема. Тие се условите како што ги гледате, не ги исполнуваат стандардите. Освен креда, нема паметни табли, немаме кабинети како што треба. Освен креда немате ништо друго? Да“, вели Рустеми.

Во овие мизерни услови учат 120 ученици од селото од прво до деветто одделение. За наставниот процес да биде уште потежок придонесува и немањето на дел од учебниците. За условите во училиштето директорката Оливера Чавкароска вели дека е известен и министерот за образование.

Освен во основното училиште во Норово слични услови има и во другите училишта во оваа општина. Според наставниците, од 2004 година не е инвестирано ништо во училиштата со албанско население во Крушево. Во три приградски училишта учат над 450 ученици Албанци.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button