ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Тетово намален број на заболени од Ковид, но опасноста и понатаму е висока

Во Тетово последните денови намален е бројот на заболени од вирусот. Здравствените власти велат дека бројот на нови случаи во споредба со минатиот месец е намален за околу 60%. Сепак, опасноста од Ковид-19 не е намалена, па затоа ги повикуваат граѓаните строго да ги почитуваат мерките за заштита. Во моментов во тетовската болница има 20 пациенти, од кои двајца се во потешка состојба.

„Што се однесува до пациентите кои доаѓаат во ковид центарот, има над 30 пациенти на ден. Јас му порачувам на населението дека сè уште сме во опасна фаза и оти сè уште мора да ги почитуваме сите мерки дадени од Министерството за здравство и јавното здравје. Имаме 12 членови на персоналот во изолација, од кои некои се позитивни, но овој број на заразени вработени не претставува проблем за нас во моментов.“

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button