ВЕСТИРЕГИОН

Во Црна Гора ќе се гласа недоверба на владата

Црногорскиот парламент денеска треба да одлучува за недоверба на актуелната влада на премиерот Здравко Кривокапиќ, по иницијативата на парламентарната опозиција.

Иако опозициските партии тврдеа дека имаат доволен број на пратеници, па дури и повеќе од потребнот, за да изгласаат недоверба на владата на Кривокапиќ, во меѓувреме во црногорските медиуми се шпекулираше дека опозициските партии ДПС и СДП, предводени од Мило Ѓукановиќ и Рашко Коњевиќ ќе ја повлечат иницијативата, што не е официјално потврдено. Дел од црногорските медиуми велат дека одлуката за повлекување на иницијативата, ДПС и СДП ќе ја соопштат пред самата седница која е закажана за попладне.

Наводното повлекување на опозициската иницијатива доаѓа откако Демократскиот фронт во саботата одлучи да побара скратување на мандатот на Собранието.

Иницијативата за недоверба на владата доаѓа по само една година откако Црна Гора доби нова влада на чело со Здравко Кривокапиќ, откако претходните триесет години беше актуелна владата на Демократската партија на социјалистите (ДПС) на претседателот Мило Ѓукановиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button