ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во земјава нема оставки како чин на морална одговорност

Оставките, како акти што симболизираат морал во политиката, не се случуваат во нашава земја, бидејќи функционерите не ја знаат дефиницијата на позициите што ги имаат, не ги знаат нивните права и обврски, велат политичките експерти. Професорката Мирјана Најчевска е категорична дека функционерите треба да сносат морална, политичка и кривична одговорност. Според неа, не треба да има недопирливи луѓе, бидејќи неказнивоста предизвикува повторување на случаите и корупција.

Комуникологот Бојан Кордалов вели дека оставки во нашата земја се случуваат само кога партиските лидери го бараат тоа.

Експертите сметаат дека ако имавме нормална демократија, многу функционери би поднеле неотповикливи и итни оставки за големите скандали, како што беше бегството на поранешниот премиер Никола Груевски или исчезнувањето на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков на околу 40 часа, за не отпочнување на преговорите за членство во Европската унија, кршење на мерките за заштита од пандемии и доцнење на вакцините, за случајот “Дива Населба“, Тамара, Мартин Нешковски, Алмир и многу други случаи. Политичката историја на Македонија познава многу малку лични и искрени одлуки за одговорност на високите функционери.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button