ВЕСТИСВЕТ

Во земјотресот во регионот на Токио повредени над 30 луѓе

Повеќе од 30 луѓе се повредени во земјотресот што ја погоди областа Токио, кој бил со сила од 6,1 степени според Јапонската метеоролошка агенција. Возовите што беа запрени како мерка на претпазливост, утрово сообраќаат со задоцнување, поради што се формираат големи гужви и редици за влез во станиците. Земјотресот погоди голем дел од источна Јапонија, ги потресе зградите и ги вклучи алармите на телефоните на жителите, предупредувајќи ги да се засолнат.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во четвртокот во 22,41 часот по локално време беше на длабочина од 80 километри во префектурата Либа, источно од Токио, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Американскиот геолошки институт процени дека земјотресот бил со јачина од 5,9 степени на длабочина од 61 километар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button