ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Војната помеѓу Израел и Иран се очекува да има влијание и врз економијата во земјава

Војната меѓу Иран и Израел директно ја зголемува цената на нафтата, која е неопходна суровина за огромен дел од индустријата. Зголемувањето на цената на нафтата го намалува производството и потрошувачката, што може да доведе до сериозна рецесија и пад на економската активност, вели академикот Таки Фити, тој додава дека нафтата е многу значајна бидејќи таа игра клучна улога во производството на огромен број производи, вклучувајќи од технологија, пластика, дури до фармацевтска индустриија.

Advertisements

„Сега кога беше енергетската криза исто така енергенсите силно пораснаа и тоа не резултираше со рецесија, но беше блиску до рецесија. Многу земји беа блиску до сток стакфлација, едновремено присуство на ниски стапки на економскиот раст на релативно висока инфлација и висока невработеност, ако ова продолжи тоа ќе има импликации. Може да проработат инфлациските тенденции, тоа е исто така опасно за Република Македонија, бидејќи знаете кога беше енергетската криза, ние имавме малку повисока стапка на инфлрација за разлика од други земји“, вели Фити.

Академикот вели дека нашата увозна зависност за многу енергетски производи е голема, и како растат цените во тие земји така и инфлацијата се увезува кај нас.

По шестдневниот раст на цените на берзите на нафтата од четири проценти, денес бележи пад од 1 процент.  Цените на нафтата беа во пораст поради проценката на пазарите за можните прекини во снабдувањето со нафта од конфликтот помеѓу Иран – Израел.

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button