МАКЕДОНИЈА

Војската ќе дава поддршка на полицијата и на медицинскиот персонал

Македонија официјално е во кризна состојба. Комитетот за управување со кризи започна со подготовка на акциониот план. Исто така, се бараат решенија за болничките капацитети.

„Бидејќи се преоптоварени капацитетите на приватните клиники, поранешните простории на приватната болница Систина е една од идеите да се претвори во заеднички центар на приватните клиники и со неа да управува Владата за време на кризната состојба за третман на пациенти со ковид 19. На состанокот што вчера го имаше Министерот за здравство со сопствениците на приватните клиники, идејата беше прифатена во принцип, но останува да се прецизираат капацитетите и начинот на користење на ресурсите“.

Зошто беше неопходна кризна состојба објасни претседателот Стево Пендаровски во интервју за 24 Вести. Кажа дека без овој правен механизам, Армијата не ќе можеше да и помогне на полицијата во борбата против пандемијата.

Со изготвувањето на акциониот план од страна на Комитетот за управување со кризи, капацитетите на Армијата ќе бидат ставени во служба на полицијата. Каде и да има полицијата надлежност и воените сили ќе бидат присутни, но не без присуство на полицијата. Војската ќе помага и на медицинскиот персонал. Одлуката за прогласување кризна состојба дојде по последниот состанок на Советот за безбедност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button