МАКЕДОНИЈА

Вооружен инцидент на Попова Шапка

Жител на скопска Копаница во тетовската полиција пријавил дека соселанец пукал кон брат му при нивна средба на Попова Шапка. Инцидентот се случил околу 21 часот. Притоа, немало повредени луѓе.

-Дваесет и деветгодишниот  И.Ш од скопска Копаница во 21 часот и 25 минути пријавил дека на Попова Шапка, каде престојувал со неговиот брат  Х.Ш. и двајца нивни пријатели, по куса вербална расправија,  Ф.З.(27) од истото село извадил огнено оружје и пукал кон Х.Ш., но не го погодил, по што со возило се оддалечил од местото.Според пријавеното, двајцата браќа подолго време имале нарушни односи со Ф.З, информира Марјан Јосифоски, портпарол  на СВР Тетово.

Сега полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button