ВЕСТИРЕГИОН

Вооружените напаѓачи се опколени – се уште има размена на оган, вели заменик директорот на косовската полиција

Заменик-директорот на косовската полиција Фехми Хоти изјави дека од нападот на северот досега, како што е познато, еден водник е убиен, а друг е ранет и повреден.

Тој на прес-конференција рече дека нема информации дали има жртви од групата што ја нападна косовската полиција.

Хоти додаде дека размената на оган на северот се уште трае.

Тој додаде дека луѓето кои ја нападнале полицијата се опколени.

„Овие лица кои поседуваат различен калибар оружје се опколени. Ги презедовме безбедносните мерки, го утврдивме безбедносниот периметар“, рече Хоти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button