СПОРТФУДБАЛ

Воска Спорт и Имери не најдоа заеднички јазик

По историската сезона и влезот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Воска Спорт во елитата ќе биде предводена од нов стратег. Раководството на клубот од Охрид ја потврди разделбата со досегашниот тренер Берат Имери. По неколкуте дена преговори, заеднички јазик не беше најден, па така разделбата беше неизбежна.

„Воска Спорт му се заблагодарува на тренерот Берат Имери за придонесот во периодот додека го водеше нашиот тим, посакувајќи му добро здравје и многу успех во тренерската кариера.

Веруваме дека еден ден нашите патишта повторно ќе се вкрстат“, велат челниците на Воска Спорт во краткото соопштение.

Под водство на Имери амбициозната Воска Спорт го постгина најголемиот успех во историјата, влезот во ПМФЛ. /Gol/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button