СВЕТ

Воз се запали во тунел во Тирол, стотици патници евакуирани

Неколку стотини патници мораа да бидат евакуирани од воз кој се запали во тунел во австриската провинција Тирол. Службите за итни случаи соопштија дека доцна синоќа морале да бидат евакуирани 370 патници од возот кој во текот на ноќта патувал од Инсбрук до Амстердам и Хамбург.

Ноќниот воз со околу 370 патници се наоѓал во тунелот Фиценс, источно од Инсбрук во регионот на Тирол, кога избувнал пожарот, јави австриската новинска агенција АПА.

Железничкиот оператор ОББ соопшти дека околу 20:40 часот било пријавено оштетување на горните електрични водови и оти изгледа се запалил автомобил во товарен вагон во ноќниот воз од Инсбрук до Амстердам. Како што се наведува, пожарот бил изгаснат до 22:20 часот.

Евакуацијата завршила кусо по 23 часот.

Според службите за итни случаи, оштетувањето на надземната линија во железничкиот тунел Терфенс предизвикало пожар во едно или повеќе возила што ги превезувал возот. Полицијата соопшти дека околу 50 луѓе претрпеле полесни повреди најмногу поради вдишување чад. Нема извештаи за сериозни повреди.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button