СВЕТСПОРТ

Возач на Мерцедес, Валтери Ботас, ќе стартува прв во трката за Големата награда на Мексико

Финскиот возач на „Мерцедес“ Валтери Ботас ќе стартува прв во трката за Големата награда на Мексико. Финецот доминираше на квалификациите. Вториот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе стартува од втората позиција додека актуелниот лидер Макс Верстапен на „Ред Бул“ ќе ја започне трката од третата позиција. Домашниот возач Срехио Перез во болидот на „Ред Бул“ тргнува од четвртата позиција, пред Пјер Гасли, Карлос Сајнц, Даниел Рикиардо и Чарл Леклер. Трката за Големата награда на Мексико стартува во 20.00 часот по европско време.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button