ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Воздухот се исчисти, од утре во Скопје повторно автобусите со плаќање

Бесплатниот автобуски превоз поради загадениот воздух, од утре се укинува и повторно вообичаено ќе се плаќа, соопштија од Град Скопје. Во текот на денов пак, сообраќајот сè уште беше во хаос поради големиот број автомобили. Бесплатниот превоз од два дена речиси и да немаше ефект врз намалувањето на сообраќајот.

Подобро е со автобус, но како да дојдам од Блаце до Скопје со автобус?

Затоа што е без пари, трчаат за влезат во автобус. Речиси секој ден е без пари, но денеска и вчера има повеќе, таков е народот.

Градот Скопје завчера ја активираше мерката против загадувањето. Јавниот превоз беше бесплатен, тоа предизвика метеж во автобусите, а многу граѓаните воопшто не ги почитуваа мерките против корона вирусот.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button