МАКЕДОНИЈА

Возел 156 км/ч на место каде што е дозволено 80 км/ч, полицијата го привела

Полицијата вчера приведе возач што на патот Тетово-Гостивар управувал автомобил марка „мерцедес“ со 156 километри на час на место каде што е дозволена брзина од 80 километри на час.

Лицето, како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување на моторно возило.

Advertisements

„На 17.6.2025 во 14:25 часот на патот Тетово-Гостивар, во близина на клучка Жеровјане, Тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Д.Д. (56) од Тетово. При сообраќајната контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило ‘мерцедес‘ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 156 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час“, се вели во полициското соопштение.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button