ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Возењето по патот Тетово – Гостивар, како на „Париз – Дакар“

Новинар: Башким Сулејмани

„Тесни ленти, големи дупки на коловозот, нечистотија и најважно од сè – немање трета лента на коловозот, која би помогнала во случај на дефект, автомобилот да се паркира странично. Ова се пропустите на овој пат кој може да се нарече со кое било име, но не и автопат Тетово – Гостивар“.

Ниту безбедноста не е во ниво. Поради оштетувања на оградата, возачите велат дека среде коловозот често се појавуваат и животни.

„Да ви кажам право, имав можност да видам, но не ми се случи несреќа бидејќи внимавам и знам во каква состојба е патот. Но, често има. Одржувањето е обврска затоа што плаќаме и тие треба ова да го имаат на ум за да се грижат“.

„Од „Македонија пат“ велат дека во рамките на планот за изградба на Коридор 8 ќе се санира и овој опат“.

„Се надеваме дека во првите шест месеци од оваа година работите ќе започнат од Бехтел-Енкел и ќе бидат во две насоки, Гостивар-Кичево и Гостивар-Тетово. Се надеваме дека нивните активности со нивниот квалитет и искуство за кратко ќе се изгради и автопатот Тетово-Гостивар“, изјави Ејуп Рустеми Директор на Македонски патишта.

Од „Македонија пат“ лани најавија ограда и заштита со камери за да се зголеми безбедноста, но тоа не се случи./ Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button