ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Вработените во Финансии се повлекоа од протестот, но не од барањето за повисоки плати

Вчера излегоа пред зградата на министерството за да го изразат својот револт од одлуката на министерот Фатмир Бесими, а денеска половина од вработените не излегоа ниту на пауза. Многумина од нив зад камерите порачаа дека не се осмелуваат да зборуваат бидејќи добиле наредби од нивните раководители. Некои велат дека одлуката е хаотична, а своето право за зголемување на јануарската плата за 30% ќе го бараат преку Граѓанскиот суд.

Сите сме храбри. Како го коментирате укинувањето на одлуката за зголемување на платите? Катастрофа! Накратко, тоа е тоа! Ќе се жалите на суд? Да, да апсолутно! Дали ќе преземете колективна иницијатива? Ќе видиме. Како го коментирате бришењето на одлуката за плати? Повисоки инстанци треба да прашате. Ќе ја барате ли правдата на суд? Подготвени се…

По предлог на Министерството за финансии, Владата денеска го смени текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за буџет. Според нив, со предложените измени се брише одредбата за зголемување на платите за 30%, како што појаснуваат, од повеќе причини.

„Неможноста да се утврди специфичноста на работните должности и посебната одговорност која потекнува од работното место. Заради подобрување на Законот за буџет и имајќи предвид дека Законот за системот на плати во јавниот сектор е во постапка на одобрување“, велат од Министерство за финансии.

Повлекувањето на одлуката за 30% покачување на платите на вработените во Министерството за финансии не му беше доволно на министерот Бесими, кој вчера нареди вработените да не изразуваат јавен револт, во спротивно ќе има дисциплински мерки и кратење на плати. Ова се чини ќе биде нов метод на министерот Бесими, кој пред една недела рече дека за да ги мотивира вработените одлучил да ги зголеми платите за 30%.

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека министерот Бесими е главната причина зошто 138 илјади работници во јавниот сектор заедно со ССМ започнале генерален штрајк во јавниот сектор.

„Министерот Бесими со бришење на одредбата за покачување на платите што самиот тој ја донесе и ја бранеше, свесно прави кривично дело од член 166 од Кривичниот законик, бидејќи свесно не го почитува Законот за плати и надоместоци на плати и притоа го прекршува, отстранува или ограничува правото што му припаѓа на работникот. Ваквите инциденти со самопресудување на овој министер треба да бидат доволен аргумент за тужба од ССМ…“, рекоа од ССМ.

Првиот човек на синдикатот на управата УПОЗ рече дека не дозволиле ниту еден вработен од оваа зграда да влезе во синдикатот. Според нив, оваа практика го нарушува правниот поредок, каде министрите спротивно на законот, сами одлучуваат и избираат дали ќе ги спроведуваат одредбите од законите или не. Деаноски бара оставка од министерот Бесими.

Сите реакции во јавноста дојдоа откако Алсат ја откри одлуката на министерот Бесими, кој без многу врева во Владата ја помина одредбата за покачување на платите во неговиот ресор во рамките на Законот за плати, кој стапи во сила на 1 јануари. Но, пред да биде исплатена првата плата со покачувањето од 30 отсто, одлуката беше поништена, иако како причина беше наведено усогласување на платите со УЈП и Царина. Синдикалците ги охрабруваат околу 650-тте вработени во Финансии да не отстапуваат и да си ги бараат ветените пари.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button