МАКЕДОНИЈА
Вработените во Испитниот центар бараат повисоки плати, поддршка добија и од ССМ

Сојузот на синдикатите го поддржа протестот на вработените во Државниот испитен центар, кои повеќе од шест месеци бараат зголемување на платите за 25 отсто и измена на колективниот договор.
„Револтот на нашите колеги е оправдан. Ветувањата на институциите во минатото не беа исполнети, а сега ги убедуваат да го почекаат новиот закон за административни службеници и тоа би значело дека во март повторно нема да им се зголемат платите. Манипулацијата е несериозна од претставниците на власта. Малиот број луѓе вработени тука може да стане проблем во образованието“, рече претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов.