ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Вработените во Здравствениот дом по три месеци ќе добијат плата

Министерството за здравство достави согласност до Здравствениот дом во Скопје за продолжување на договорите за вработување на 163 вработени кои од јануари работат без договори за вработување, без здравствено осигурување и без плата. За Алсат, од Министерството за здравство велат дека откако ги обработиле согласностите што ги добиле од Министерството за финансии, ги доставиле до челниците на Здравствениот дом.

По прелиминарната средба, министерот за здравство ги достави сите согласности добиени од Министерството за финансии, до др. Виктор Исијановски во Здравствен дом. Од Министерството за финансии добивме 53 негативни одговори за работни решенија со неограничен рок. Додека за договори на определено време имаме добиено позитивни согласности за 47 лица, а за тековни договори за 116 лица“, наведуваат од Министерството за здравство.

Доктор Виктор Исјановски за Алсат изјави дека веднаш ќе ги подготват договорите за потпишување и во текот на наредната недела ќе им бидат исплатени заостанатите плати на вработените во Здравствениот дом во Скопје.

Пред една недела повеќе од 140 вработени во Здравствениот дом во Скопје го кренаа својот глас и побараа од Министерството за финансии и Министерството за здравство кои речиси три месеци не даваа согласност за доделување договори и плати да се регулира нивниот статус. Вработените изјавија дека повеќе од два месеци работат без плата, без здравствено осигурување, а и немаат информации за нивната судбина, иако дел од нив работеле во најтешките времиња на пандемијата.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button