ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вработување во хотели и ресторани, за дополнителен приход

Угостителите од охридско струшкиот регион ќе се обидат недостатокот од работна сила, особено за време на летната сезона, да го ублажат со краткорочни вработувања на лица, вработени во други дејности.За таа цел во функција е ставена специјално изрбаботена платформа, каде преку база на податоци, сите заинтересирани лица, но и сопственици на хотели, ресторани ќе можат да се пријават за ваквата можност.Работодавачите ќе може на директен начин да остварат контакт со зантересираните работници.

„Таа е отворена за секој кој е заинтересиран да работи екстра, по она негово работно време кое го работи и е ангажиран кај друг работодавач или некој што никаде не работи, по овој основ може да  изработи девет дена во месецот, кај еден работодавач. Целта на овој проект е да се мотивираат и работодавачите да пријавуваат такви вработени, да ги исплаќаат на време и сите придонеси да им бидат платени“, изјави Зоран Михајловски-хотелиер

Засега се пријавиле педесетина лица. Но, од хотелската асоцијација велат дека тоа е недоволно, имајќи ја предвид големата потреба која ја имаат од работна сила. Ќе започнат со печатење на промотивни материјали. Пред да почнат да работат, овие лица ќе поминат соодветна обука, за да можат да се вклопат во работата во овој сектор. Мерката ќе важи за период од 1 мај до 31 август.

„Овие мерки нема сигурно да го решат проблемот околу работата во овој сектор.Но малку ќе биде ублажена ситуацијата. Таргетот би бил на други сектори, на вработени кои работат во други сектори, дали се тоа во текстилна индустрија или било која друга, кои сакаат да работат повеќе од нивното работно време кое го имаат таму.1500 денари ќе биде дневница за шанкери и келнери, а за готвачи од прва класа, дневницата ќе биде 3000 денари“, изјави Крсте Блажески-хотелиер

Следна цел е барање за промена на законската регулатива и ослободување од одредени давачки.

„Врз основа на овој проект ќе се генерираат податоци со кои што се надеваме дека ќе можеме со помош на меѓународната организација на трудот, да делуваме пред владата и институциите, за да се промени законската регулатива во поглед на начинот на пријавување на краткорочните вработувања и намалување на трошоците“, изјави Славица Гашоска-ХОТАМ

Платите ќе ги обезбедат работодавачите, додека средствата за исплата на придонесите се обезбедени преку проект финансиран од ЕУ. /Алса мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button