ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВРЕДИ го отвори централниот штаб како подготовка за локалните избори во октомври

ВРЕДИ го отвори централниот штаб како подготовка за локалните избори во октомври

Коалицијата ВРЕДИ синоќа во Скопје го отвори Централниот штаб за локалните избори во октомври, со кој ќе предводи Аднан Азизи. Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, изјави дека се задоволни што албанската политичка сцена се дели на два блока и дека албанскиот глас нема да биде распарчен.

Advertisements

„Тие велат дека на албанската политичка сцена сме ги принудиле и другите да се претворат во два блока, за да не се изгорат албанските гласови, туку дека има натпревар на платформи, програма, во идеи и од атмосферата се гледа овде со изборот на Штабот предводен од Аднан Азизи и членовите на Претседателството на Штабот“, рече Изет Меџити, ВРЕДИ.

Од ВРЕДИ велат дека на локалните избори ќе се натпреваруваат со најдобрите кандидати. Со конкретни имиња нема да брзаат.

„Сакаме да покажеме со овој натпревар за локалните избори, модел на управување кој не е модел на градоначалници на црни листи, туку е модел на градоначалници кои им служат на своите граѓани“, рече Билал Касами, ВРЕДИ .

Локалните избори се очекува да се одржат во втората половина на октомври, а ВРЕДИ ќе се трка како коалиција составена од Демократското движење, Движењето Беса, Алтернатива, но и Алијансата за Албанците, односно групата која не излезе заедно со Таравари од Влада./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button