ВРЕДИ и ДУИ, „уши и очи“ на изборите во Косово
ВРЕДИ и ДУИ, „уши и очи“ на изборите во Косово

Изборите во Косово ја наелектризираа политичката атмосфера во албанскиот блок во Македонија. Политичките актери во земјата и нивните поддржувачи, беа активно вклучени во поддршка на нивниот политички фаворит.
Додека претставниците на ВРЕДИ учествуваа на партиските митинзи во Косово, тие отворија и штаб во Скопје. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од митингот во Студеничани, критикувајќи го Курти, ги повика косоварите да не го ставаат Косово во ист пакет со Русија и Белорусија, како земји под меѓународни санкции.
„Со остварување на нивната волја, со својот глас дека нема да го стават Косово во пакет со Русија и Белорусија, кои се под санкции на Европа и Америка”, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.
По објавувањето на изборниот резултат, лидерите на ВРЕДИ на своите профили на социјалните мрежи објавууваа фотографии од Курти, честитајќи му ја победата, додека покрај тоа што Ахмети сè уште нема никаква реакција, неговите колеги од Европскиот фронт се задоволни од растот на бројот на гласови за опозициските партии ДПКи ДСК, но и во губењето на 10 проценти од вкупните гласови на „Самоопределување“, во споредба со претходните избори. „те фати проклетството на албанскиот јазик од Македонија“, пишува Беким Татеши од АА на Зијадин Села, потсетувајќи на изјавата на Курти дека албанскиот јазик не е официјален во Македонија.
Честитка стигна и вицепремиерот Изет Меџити и другите лидери на ВРЕДИ.
Мешањето и вклучувањето на албанскиот политички фактор на Македонија во косовските избори можеби не е ново, со оглед на тоа дека на последните парламентарни избори во Македонија имаше слични акции од другата страна. Претставниците на Самоопределување отворено направија политички активности и повици за поддршка на коалицијата ВРЕДИ, додека ДУИ беше поддржана од аналитичари и новинари од Косово кои беа против Курти.
„Неговата поддршка за нашата коалиција на овие избори е безрезервна, не само од него, туку и од секој пратеник, министер, па дури и од последниот активист на Движењето Самоопределување“, напиша Арбен Таравари на 21 април, 3 дена пред претседателските избори во Македонија и за време на кампањата за парламентарните избори.
Во предизборниот период, започна емитување на косовските политички дебатни емисии на тема избори во Македонија. Новинарите од Косово Ермал Пандури и Леонард Керќуки одржуваа емисии три пати неделно, а во нив како аналитичари и новинари, беа ангажирани имиња на косовското новинарство – критичари на Курти како Лирим Мехметај, Дибран Хоџа и Астрит Гаши, наспроти домашните аналитичари.
Претходно се водеше кампања за поддршка од новинарите од Албанија и Косово, за првиот албански премиер Талат Џафери. Берат Бужала, Батон Хаџиу, Адриатик Кељменди и Бленди Февзиу, беа гости на дуи и имаа привилегија да присуствуваат на собраниската седница на гласањето на техничката влада.
Токму овие новинари дури и се собраа во една од собраниските канцеларии заедно со Али Ахмети и други функционери на ДУИ, каде зборуваа за тоа како е достигнат историскиот момент на првиот албански премиер.
Немаше како да не се пропушти пеењето на песната на Кек Хисен, една од омилените на Али Ахмети.
Во овие околности Батон Хаџиу, кој остро го критикуваше, сега му се извини на Али Ахмети.
Новинарот Адриатик Кељменди, кој имаше ексклузивно право да известува на денот на изборот на Џафери за премиер, придружувајќи го до Собранието, на Џафери му ја зеде вратоврската што ја носеше на денот на неговиот избор за технички премиер и гордо ја објави на Фејсбук.
Откако Џафери остана без вратоврска, на Бленди Февзиу не му преостана ништо друго освен да ја побара вратоврската од првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, со кој имаше ексклузивно интервју, кој пак изјави дека вратоврската е направена во Србија./Алсат.мк
Суад Бајрами