ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВРЕДИ и ДУИ во судир за 23 годишнината на Охридскиот договор

Еден ден по одбележувањето на 23-годишнината од Охридскиот договор, албанските партии продолжија со обвинувањата околу организацијата, двојната прослава и легитимитетот за претставување на Албанците во институциите. Од ВРЕДИ рекоа дека одбележувањето на оваа годишнина конечно доби сериозни размери, без партии насочени кон збогатување и без трошење на стотици илјади евра.

ВРЕДИ:

Денот на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор конечно ја доби својата соодветна и институционална форма. Овој историски момент, кој претставува најголемо достигнување на албанскиот народ во Северна Македонија, конечно е ослободена од канџите на поединци кои со години ја користеа за исполнување на своите лични желби и за присвојување на богатството на народот. ДУИ, од својата политичка ароганција и долгиот мандат на власт, сè уште мисли дека може да го присвои секое достигнување на албанскиот народ. Арогантно се осмелија да одржат паралелен настан за овој важен датум, и покрај бројните повици да не се дели народот за овој настан кој треба да не обедини сите нас.

ВРЕДИ додава дека наметнувањето на темата за легитимитет е обид да се прикрие минатото исполнето со корупција, криминал и лошо управување.

Во меѓувреме, од ДУИ велат дека годишнината од Охридскиот договор била одбележана со осакатен буџет.

ДУИ:

„Одбележувањето на Охридскиот договор од страна на моноетничката власт без легитимитет на албанскиот народ и останатите, помина под сенката на фактот дека гја организираше заколнатиот путинист, кој не ја признава независноста на Република Косово и Охридскиот договор како Иван Стоилковиќ, како и со осакатен буџет. Единствени гости на моноетничкото одбележување беа марионетските вазали, кои никогаш не биле ниту последната дупка во кавалот во однос на Охридскиот договор, и кои ги окупираа државните институции како губитници на изборите…“

Од септември од ДУИ најавија дека ќе започнат јавни консултации за платформата за легитимитет со академскиот свет, невладините организации, медиумите и граѓаните.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button