ЕКОНОМИЈА

Вредноста на доларот повторно се доближи до еврото

Вредноста на доларот повторно се доближи до еврото

Доларот порасна за 0,1 отсто и во еден момент достигна вредност од 135,585 јени, што е највисоко ниво од 28 јули, додека еврото денеска падна за 0,15 отсто на 1,01815 долари. طريقة الربح في الروليت

Доларот денеска благо зајакна во однос на јенот и продолжи да расте по информациите за зголемување на вработеноста во САД, со што се зголемија очекувањата за натамошно заострување на агресивната политика од страна на Федералните резерви (ФЕД).

Доларот порасна за 0,1 отсто на 135,155 јени, во еден момент достигнувајќи до 135,585 јени, што е највисоко ниво од 28 јули, откако претходно скокна за 1,57 отсто, највисока дневна добивка од 17 јуни, покажуваат најновите податоци за тргување во Азија, пренесува Ројтерс.

Еврото денеска падна за 0,15 отсто на 1,01815 долари, додека вредноста на британската фунта во голема мера остана непроменета на 1,2077 долари. اون لاين بلاك جاك

Британската валута падна на само 1,2004 долари во петокот, еден ден откако Банката на Англија ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен, како што се очекуваше, предупредувајќи на продолжена рецесија.

Австралискиот долар се подигна на 0,6927 УСД откако падна за 0,8 отсто во петокот, додека новозеландскиот долар остана стабилен на 0,62435 УСД. لعبة روليت مجانا

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button