ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Наутро магла по котлините, преку ден облачно со повремени врнежи од дожд и снег

Денеска наутро ќе има појава на магла или ниска облачност по котлините. Преку ден времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, информираат од УХМР. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а од пладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 6 Целзиусови степени, а максималните од 5 до 12 степени.

Во Скопје, наутро ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 9 Целзиусови степени.

УХМР за утре најавува облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег и особено во западните делови ќе има снежна покривка понекаде и на пониските места. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button