ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Претпладне сончево, попладне нестабилно со Услови за пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, претежно во северните и источните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во некои делови се очекува да има невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Температурата наутро ќе биде од 9 до 16 Целзиусови степени, а во текот на денот од 21 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и појава на град, се вели во прогнозата од УХМР. Темпертурата ќе биде до 30 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button