ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Студено утро, преку ден сончево со мала облачност

Утрово времето е студено со слаба магла по котлините. Во текот на денот ќе биде сончево со мала облачност и слаб ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
„Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5 степени, а максималната ќе достигне 14 до 19 степени“, се вели во сооштението од УХМР.
И во Скопје утрото ќе биде студено, а преку ден сончево и мирно.
„Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната до 17 степени“, информираат од УХМР.