ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Врховен ќе одлучува кој суд ќе биде надлежен за случајот со дискотеката „Пулс“

Врховен ќе мора да одлучи кој суд ќе биде надлежен да спроведе судење за грозоморниот пожар кој се случи во дискотеката Пулс во Кочани, откако птипската апелација даде мислење дека ниту кочанскиот, ниту штипскиот ниту струмичкиот суд не исполнуваат услови да го ценат обвинението

Advertisements

Штипска апелација даде мислење – ниту кочанскиот, ниту штипскиот ниту струмичкиот суд не исполнуваат услови да го ценат обвинението за пожарот во ноќниот клуб пулс. Па поради ова, сега Врховен ќе треба да пресече и да одлучи кој суд ќе биде надлежен да спроведе судење за грозоморниот пожар.

Апелациониот суд во Штип најпрво на барање на кочанскиот суд ја разгледуваше компетентноста на овој суд да го цени обвинителниот акт за пожарот во Кочани со кој се опфатени 34 физички и три лица. Претседателот на штипска Апелација Тони Делев за Алсат брифира дека судот во Кочани со петмина судии нема ниту кадровски ниту просторни капацитети за овој предмет. Потоа, како што вели Делев, апелација анализирајќи ја состојбата,  одлучила и дека од слични причини ова судење нема услови да биде спроведено ниту во околните судови во Штип и Струмица.

Поради ова сега, останува на највисокиот суд во државата, кој пак нема законски одреден рок во кој треба да одлучи, да каже кој суд има капацитети и услови да го цени обвинителниот акт и да го спроведе судењето за една од најстрашните трагедии во историјата на државата. Сите обвинети во овој случај се товарат за тешки дела против општата безбедност, додека на едно лице ќе му се суди за делото примање на поткуп и фалсификување документи. Истрагата на обвинителството заврши на 13 јуни, кога обвинителот Љупчо Коцевски ја извести јавноста дека првообвинети во случајот се сопственикот и менаџментот на ноќниот клуб „Пулс“.

Во трагедијата во која загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени обвинети се и поранешните министри за економија Крешник Бектеши и Валон Сарачини, екс секретарката Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ,  петмина вработени во Министерството, тројца поранешни градоначалници на Кочани, а обвинение има и за четворица поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување. Истрагата опфаќа и градежни инспектори од Кочани, како и директорот на агенцијата која го обезбедувала објектот и четворица вработени. Во меѓувреме, истрагата е прекината за 13 лица – едно лице починало, додека членот на музичката група ДНК, Владимир Блажевски, се наоѓа на лекување, а за останатите 11 лица истражните органи утврдиле дека  нема доволно докази.

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button