ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Врховниот суд ги доби материјалите за „Монструм“, одлука за неколку месеци

На Јавното обвинителство му требаа вкупно 4 месеци да состави и да достави мислење за случајот „Монструм“ до Врховниот суд. Таму овој документ го чекаа од 25 ноември. Но, сега се очекува да поминат уште неколку месеци за Врховниот суд да ја донесе конечната пресуда за овој случај. Потсетуваме дека на 6 септември лани Апелација ги одби жалбите на обвинетите и ја потврди првостепената пресуда изречена во 2021 година. Со неа пет лица беа прогласени за виновни.

Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ беа осудени на доживотен затвор за тероризам, додека Фејзи Азири на 15 години за помагање. Хаки Азири доби 9 години исто така за помагање, а обвинетиот Сами Љута беше ослободен од обвинението. Осудените неколку пати негираа вина за петкратното убиство што се случи на Смилковското езеро во 2012 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button